Филип Миркуловски
Филип Миркуловски е роден на 14 септември 1983, и е македонски ракометаp.Миркуловски започнал да тренира на 13 годишна возраст. Потекнува од школата на РК „Македонија“, клуб во кој се задржал седум години. Во РК „Металург“ заминал во сезоната 2003/2004.По завршувањето на Светското ракометно првенство во Катар, во февруари 2015 година, Миркуловски соопштил дека го напушта РК "Металург",и дека се сели во РК „Хановер“. Причината за напуштањето на клубот биле големите финансиски проблеми, кои резултирале со долготрајно доцнење во исплатата на платите на ракометарите.Во 25. коло на германската лига, Миркуловски покажал одлична игра во мечот против "Магдебур",постигнувајќи шест голови, а имал и по две асистенции и украдени топки. Во март 2015година, Миркуловски потпишал двегодишен договор со германскиот клуб "Вецлар", со важност до 2017 година каде го заменил легендарниот хрватски ракометар Ивано Балиќ. Во знак на почит кој игрите на Миркуловски, раководството на РК "Металург" одлучило привремено да биде повлечен дресот со број 13, кој во претходните 12 години го носел Миркуловски. Миркуловски бил член на Македонската ракометна репрезентација со која настапил на Европските првенства во 2012 и 2014, како и на светските првеснта во 2013 и 2015 година.
Лионел Андрес Меси
Лионел Андрес Меси е роден на 24 јуни 1987 и е аргентински фудбалер кој настапува за екипата на Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Се смета за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација, а често и ѕа најдобар фудбалер во светот, со неколку номинации за Златната топка и Играч на годината до својата 21 година а веќе на 22 ги доби и двете.Неговиот стил и вештина потсетуваат на оние на Диего Марадона, кој и самиот го прогласи Меси за свој "наследник". Меси почнал да игра фудбал на рана возраст и неговиот потенцијал бил набргу забележан од Барселона. Во 2000 година го напуштил клубот Њуелс Олд Бојс од родниот град Росарио и заминал со своето семејство во Европа, бидејќи Барселона му понудила лекување на неговиот здравствен проблем (недостаток на хормонот за раст).Дебатирал во сезоната 2004/2005 и станал најмладиот играч кој дал гол во лигата. Истата година Барселона ја освиола шпанската лига, а во 2006покрај лигата, ја освоила и лигата на шампионите. Најмногу се пробил во сезоната 2006/07, станувајќи редовен играч во првиот тим, постигнувајќи хет-трик на Ел Класико со тоа завршувајќи ја лигата со 14 постигнати голови во 26 натпревари од лигата. Меси бил најдобар стрелец во Светскиот шампионат на младинци на ФИФА во 2005 година со 6 постигнати голови, од кои 2 во последниот натпревар. Веднаш потоа станал и редовен член на сениорската репрезентација на Аргентина. Во 2006 година станал најмладиот Аргентинец што играл на Светското првенство, а во 2007 го освои второто место на Купот на Америка. На Олимписките игри во Пекинг 2008, Меси го освоил своето прво меѓународно признание, олимписки златен медал, со аргентинскиот олимписки фудбалски тим.Своето неофицијално деби, Меси го направил играјќи за првата постава против Порто во ноември 2005 година (на 16 годишна возраст). Една година подоцна го направил своето официјално деби против Еспањол . Во октомври 2004 година тој станал трет најмлад играч на сите времиња кои настапиле за ФК Барселона како и најмлад играч во Лигата (рекордот го срушил неговиот пoрaнешен клупски колега Бојан Кркиќ, во септември 2007 година).

